Земјите од западна и централна Европа се на врвот на листата на најбогати, кога се разгледува просечното богатство на нејзините граѓани, а на прво место и натаму е Швајцарија.
По Швајцарците следува Исланд, а потоа Луксембург, а добро котираат и Белгија, Франција и Ирска.
Германија вкупно е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата. Нашиот сосед Србија на листате е со 10,7 илјади долари просечно богатство по лице.
Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот се гледа на примерот од Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, што е на ранг со многу африкански замји.
Мапата ја изработи порталот Хаумач повикувајќи се на податоци од швајцарската финансиска група Креди Свис.