Криптовалути во вредност од 292 милиони американски долари се украдени во 12 големи хакерски напади на берзи за дигитални валути во текот на 2019 година, пренесува CoinTelegraph.

Специјализираниот потал вели дека бројот на хакерски напади на берзи за криптовалути се зголемува од година во година и дека новиот рекорд бил срушен во 2019 година.

Во само еден напад, криптовалути во вредност од околу 105 милиони долари беа украдени од CoinBene со седиште во Сингапур минатиот март.

Во текот на 2019 година, 11 напади резултираа со кражба на имот, додека 510.000 кориснички податоци беа украдени во еден напад на израелската берза CoinMam.

Начинот за размена на криптовалути и тоа како ги штити средствата на нивните клиенти варира од услуга до услуга и од јурисдикција до јурисдикција, олеснувајќи ги хакерските напади.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк