Американскиот центар за развој на мали бизниси (SBDC) создаде неколку совети кои можат да им помогнат на сопствениците на мали бизниси кои сериозно планираат да ги прошират своите деловни активности.

  1. Проучете ги добрите и лошите страни на вашата конкуренција. Вие не сакате да се борите против нив таму каде што се силни, туку да се фокусирате на областа каде што се послаби и да бидете подобри таму.
  2. Активирајте се во дигиталниот свет, покажете дека се грижите, бидете внимателни кон вашите клиенти.
  3. Направете ги вашите клиенти : клиенти амбасадори на вашиот производ, нудејќи им одлично корисничко искуство.
  4. Обучете ги и почитувајте ги вашите вработени.
  5. Соработувајте со конкурентите. Оние кои се здружуваат, па дури и се рекламираат еден кај друг, на крајот профитираат.
  6. Навистина запознајте ги вашите клиенти. Не е лошо дури и преку истражување да прашате што можете да поправите.
  7. Направете зделки во живо, не паѓајте во стапицата на е-поштата, бидејќи тоа е многу студена и безлична форма на комуникација и продажба.
  8. Освежете го дизајнот на вашата веб-страница, само промената на позицијата на логото може да има големо влијание.
  9. Бидете веродостојни, одржувајте ги ветувањата, побарајте повратна информација и одржувајте доверлив однос со долгогодишните клиенти.
  10. Водење бизнис значи дека секогаш имате деловно работење. Но, дозволете си да направите паузи за да се одморите и да ги обновите силите.
  11. Пронајдете добри партнери кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот производ..
  12. Внимавајте на трошоците, дури и кога расте продажбата.
  13. Размислете широко кога барате извори на финансирање. Тоа не се нужно банки, финансирањето од други фондови или физички лица е исто така опција.
  14. Сопственикот на деловна активност не мора да стори сé сам, треба да најдете способни, доверливи луѓе за да предадете одредени сегменти на бизнисот.
  15. Создадете производи што ќе ви даваат симпатија кај потрошувачите, најбрзорастечкиот сегмент на продажба се производи за деца, внуци, семејства и миленичиња.

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк