Кинескиот вицепремиер Лиу Ху ќе ја потпише „првата фаза“ од трговскиот договор со Соединетите држави следната недела во Вашингтон, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Лиу, кој исто така е шеф на кинескиот преговарачки тим во трговските разговори во САД, ќе го посети Вашингтон од 13 до 15 јануари, според портпаролот на Министерството за трговија Гао Фенг, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на 31 декември дека „првата фаза“ од договорот со Кина ќе биде потпишан на 15 јануари во Белата куќа.

Тој исто така рече дека ќе потпише договор со „високи кинески претставници“ и подоцна ќе отпатува за Пекинг за да започне разговори за следната фаза.

Според „првата фаза“ од договорот, царините и зголемените кинески набавки на американски земјоделски производи, енергијата и индустриски производи се очекува да бидат решени, со решавање на некои спорови за интелектуалната сопственост.

Сепак, ниту една верзија на текстот на договорот не е објавена, а кинеските власти сè уште не дадоа изјава за клучните точки, како на пример, зголемувањето на увозот на стоки и услуги од САД за 200 милијарди долари во текот на две години.

Соединетите држави започнаа трговска војна против Пекинг пред една и пол година, обвинувајќи ја Кина за нелојални трговски практики, крадејќи американска интелектуална сопственост и нефер субвенции што ги користеле кинески државни компании, потсетува британска агенција.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк