Зголемувањето на платите во образованието и здравството, како и социјалните трансфери наидоа на критика во најновиот Извештај на Светска банка. Од финансиската институција велат дека растот на фискалните обврски поради зголемените плати во јавниот сектор, социјалните трансфери и поголемите трошоци за инфраструктурни проекти од планираните, ќе го намалат просторот за идни фискални стимулации и ќе ја ослабат бизнис климата. Во извештајот – Глобални економски перспективи, Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 3,2% оваа година и 3,3 осто наредната.
Во споредба со регионот, најголем раст од 4,2% се очекува во Косово, и 3,9 отсто во Србија. Послаби економии од нашата ќе бидат Бугарија и Црна Гора.
Банката предвидува економскиот раст во целиот Западен Балкан оваа година да достигне 3,6%, а наредната да се зголеми на 3,8% , под претпоставка политичката нестабилност и незивесната политика да останат под контрола.