Bitcoin може да достигне цена од 50.000 долари во 2020 година, изјавија за медиумите од компанија која тргува со криптовалути.

Антониј Тренчев, раководител на платформата за позајмување на биткоини Nexo.io, рече дека растот на цената на биткоинот уште од неговото основање е сосема различен од сè што било видено досега.

„Тоа е неверојатна алатка која не е поврзана со целокупниот пазар“, рече Тренчев.

Тој додаде дека патувањето на биткоинот до 20.000 американски долари потсетува на германската хиперинфлација по Втората светска војна.

„Донесува систематски асиметрични приноси и единствено што видовме слично на ова беше порастот на американскиот долар во однос на германската марка во 20-тите години на минатиот век“, додаде Тренчев.

На прашањето колку може да порасне биткоинот во однос на вредноста на доларот оваа година, Тренчев предвиде до 50.000 долари.

Тој коментираше дека во петокот биткоинот започна да расте во однос на доларот и покрај низата неодамнешни предупредувања дека падот на цените на криптовалутите ќе продолжи.

Според Cointelegraph, падот следувал по повторната геополитичка неизвесност откако американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад, во кој е убиен еден висок ирански генерал во ирачката престолнина Багдад.

Сепак, долгорочните анализи и понатаму предвидуваат дека биткоинот е во опаѓање пред да се искачи нагоре. Преполовувањето, што многу инвеститори долго време го очекуваат, треба да го катализира пресвртот, велат аналитичарите.