Централната банка на Италија предупреди дека 16 банки на југот на Италија се под голем ризик од пропаѓање што може да има шокантни последици врз штедачите, како и врз локалната економија доколку не се преземат итни мерки.

Меѓу нив најголема банка е Popolare di Bari која неодамна го преземе ривалот Tercas. Со издавање на нови акции собра околу половина милијарда евра кеш и продаде поризични краткорочни обврзници.

Според Алесандра Перацели, заменик гувернер на централната банка на Италија, потребно е државата навреме да интервенираат за да не дојде до шок на пазарот особено на југот на државата каде економијата е послабо развиена, поголемиот број на кредити се насочени кон мали и средни претпријатија кои имаат ниско ниво на продуктивност и профитабилност.

„Треба да избегнеме трауматично излегување на овие банки од пазарот. Не е лесен предизвик. Ваквите банки се низ цела Италија, но југот се соочува со ситуација, вклучително и во однос на контекстот, која е особено тешка“, рече Перацели.

Депозитите на штедачите ќе бидат покриени преку фондот за обезбедување на депозити во кој учествуваат и останатите финансиско институции.

За зајакнување и интервенција на банкарскиот сектор вклучувајќи ја и банката од Бари потребни ќе бидат околу 1,5 милијарди евра.