Словенците заинтересирани за постојан мониторинг на буџетските приходи и расходи, во иднина ќе можат да ги видат на Интернет најновите податоци и целосен преглед за тоа колку чини државата во последните десет години, јавуваат словенечките медиуми.

Како што е наведено, сите заинтересирани страни ќе можат брзо да ја проверат динамиката на плаќањата на државниот буџет и целта за која се трошело секое евро, не само на државно ниво, туку и состојбата со приходите и расходите по општини и региони.

Целта на оваа презентација е да се зголеми транспарентноста на приходите и трошењето така што луѓето ќе можат да видат каде се трошат даноците што ги плаќаат, рече државниот секретар во Министерството за финансии Саша Јазбек при презентирање на проектот.

Според Пословни Дневник, специфична карактеристика на интерактивното графичко претставување на државните приходи и расходи е што податоците се ажурираат секојдневно, така што на дневна основа може да се следи колку заработил државниот буџет за даден ден и колку се потрошени, а податоците се достапни за последните десет години.

Проектот овозможува добивање податоци за планираните најголеми вложувања, така што покажува дека капиталната инвестиција од изградбата на втората патека на Копер-Дивац до 2023 година ќе потроши 1,2 милијарди евра, како и дека за изградба на автопатите во Словенија досега се потрошени 8,2 милијарди евра.

Програмирањето и графичкиот дизајн чинеле 78.000 евра, а студенти од Електротехничкиот и компјутерскиот факултет учествуваа во проектот.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк