НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,52 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 15.1.2020 година.

Воедно, од 15.1.2020 година, од понудата на Банката се повлекуваат орочените депозити во ЕУР за физички лица со рочност од еден месец.

Новите каматни стапки на депозитните продукти за физички се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.

Кај постојните договори за депозити, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот. Новите каматни стапки за физички лица се достапни на следниот линк