Извршниот директор на „Амазон технологија“, Џеф Безос најави голема инвестиција во Индија, фокусирана на дигитализација на малите и средни бизниси.

Дигитализацијата треба да им овозможи на овие бизниси да продаваат и работат преку интернет, објасни Безос.

Ова ќе биде век на Индија, вели првиот човек на Амазон.

Тридневната посета на најбогатиот човек на светот во Индија може да биде нарушена со протести, забележува Би-Би-Си.

Илјадници мали трговци на мало во 300 индиски градови планираат да протестираат – како што сметаат , – поради негативното влијание на Амазон врз локалниот пазар на мало.

Тие тврдат дека Амазон ќе ги остави без работа затоа што компанијата нуди производи по значително пониски цени.

Амазон ги негира овие тврдења.

„Динамика, енергија … раст. Оваа земја има нешто посебно и се управува како демократија“, истакна Безос на денешниот настан во Индија.

Тој исто така рече дека онлајн гигантот за малопродажба очекува да извезува индиски производи во вредност од 10 милијарди американски долари до 2025 година. Тој исто така забележа дека Амазон веќе се обврза да инвестира 5,5 милијарди долари во Индија.

На индискиот пазар на малопродажба во моментот доминираат Амазон и Флипкарт, кој е во сопственост на американскиот ланец за малопродажба Волмарт.