Најпознатиот портал за продажба на користени автомобили Autoscout 24 објави просечни цени на автомобили на клучните европски пазари.
Просечната цена на користените автомобили е највисока во Франција (просечна цена 22.995 евра), а потоа следува омилениот пазар за купувачите од регионот, Германија (18.377 евра), по неа Австрија (18.126 евра), Шпанија (17.586 евра), Белгија (16.855 евра), Холандија (15.654 евра).
Од друга страна, во просек, користените автомобили се најевтини во Италија (14 446 евра).
Што се однесува до едногодишните автомобили, тие се најевтини во Шпанија (28.630 евра) и во Германија (28.721 евра).
Тригодишните автомобили се најскапи во Австрија (29.659 евра) и во Германија (26.849 евра), а најевтини во Италија (22.700 евра). За автомобили стари од три до пет години и постари, најмногу се плаќа во Франција, а Германија е на средината на тој список. Италија е најевтина.
Без понатамошна анализа во Autoscout 24, треба да се напомене дека Италија е голем пазар за поевтини микро автомобили како Fiat Panda, па веројатно затоа цените се малку пониски.