Швајцарија ја издаде најмалата монета во светот. Има вредност од четвртина швајцарски франк, а на неа е ликот на славниот Алберт Ајнштајн.
Според државната ковачница за пари Swissmint, паричката од 2,96 милиметра и тешка 0,063 грама, е најмала во светот.
Во соопштението се наведува дека се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци, заедно со лупа за да се види ликот на Ајнштајн.
Златната паричка е во чест на личноста и делото на славниот физичар Алберт Ајнштајн.
Роден во Германија во 1879 година Ајнштајн направи револуција во светскиот поглед на физиката во 1905 година, со неговата формула E=mc².
Потекнувал од еврејско семејство, а одреден дел од животот минал во Швајцарија. Живеел во Берн од 1903 година до 1905 година, кога ја развил теоријата за