Американското списание „Форбс“ направило едно интересно истражување преку кое ги прекажа најголемите филантропи во САД.
На првото место и очекувано се најде Ворен Бафет. Најголемиот американски филантроп и донатор е инвеститорот Ворен Бафет, кој донирал дури 14,7 милијарди американски долари за 5 години. Неговото вкупно сегашно богатство е 90 милијарди долари. Тој најмногу пари има дадено во фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, кои се негови пријатели. Фондацијата е посветена на борбата против сиромаштијата и подобрување на здравјето во земјите во развој.
Потоа следуваат Бил и Мелинда Гејтс кои донирале 9,9 милијарди американски долари за пет години. Нивното сегашно богатство е 109,6 милијарди долари. Тие ја водат најголемата хуманитарна фондација во светот, која има 46,8 милијарди долари пари и средства под управување.
Третиот по големина американски донатор е Мајкл Блумберг, кој се фокусира на климатските промени и здравјето, трошејќи 3 милијарди долари во текот на пет години. Поранешниот градоначалник на Њујорк и претседателски кандидат е особено заинтересиран за контрола на оружјето, јавното здравство и заштитата на животната средина.