Eвропското законодавство ја изгласа целосната забрана на 10 пластични производи за еднократна употреба, вклучувајќи ги пластичните сламки, пластичниот прибор за јадење, пластичните стапчиња за мешање кафе итн. Ова се надоврзува на посветеноста на европските влади на решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад.
Ова не е последниот чекор на патот до забрана на пластиката во ЕУ. Земјите членки на ЕУ треба да ја одобрат оваа забрана и според Reuters, некои од земјите веќе се изјасниле дека целосната забрана на еднократната пластика ќе биде премногу тешка за имплементација. Но, тоа не значи дека е невозможна.
Целта на ЕУ е забраната да стапи на сила во 2021 година, па нациите имаат време за да ја испланираат транзицијата. Освен тоа, секој од производите кои се на листата веќе имаат готова алтернатива, па ЕУ не бара од луѓето воопшто да не користат такви производи, туку да користат еколошки верзии кои нема да го убијат живиот свет, нема да ја уништат нашата животна средина и да ги загадат и нашите тела.