Во Кочани денеска продолжува Инфо-караванот за Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 која предвидува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.
Прифатливи инвестиции согласно Мерката се изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување нови машини, опрема/инструменти и специјални транспортни резервоари. Корисници на средствата можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги кои се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, како и оние правни лица што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 утре ќе биде презентирана во Богданци.
Во текот на месецов претходно, Инфо-кампањата ги посети Ранковце, Свети Николе, Струмица, Прилеп, Тетово, Кичево и Скопје.