Според најновото истражување, Њујорк ја задржа титулата водечки светски финансиски центар, зголемувајќи ја предноста над второпласираниот Лондон благодарение на неизвесноста околу Брегзит, при што азиските финансиски седишта го почнаа му дишат во врат на Лондон.

ЕУ е најголемиот клиент на финансиските фирми со седиште во Лондон, потсетува Ројтерс. Неизвесноста по Брегзит е главна причина зошто Њујорк ја зголеми својата предност во однос на Лондон во објавената студија од консултантската фирма Даф и Фелпс.

За целите на Глобалниот регулаторен изглед, беа анкетирани 245 високи финансиски лидери од различни области, како банкарство, управување со средства и други финансиски фирми од целиот свет. Според објавените резултати, 56 % од испитаниците го сметаат Њујорк за најважниот финансиски центар во светот, што претставува зголемување од 33 % поени во текот на претходните две години. Само 33 % од испитаниците во моментов го гледаат Лондон како најголем светски финансиски центар, околу 20 % помалку отколку во претходните две години.