УНИ банка на 22 јануари ја исплати втората полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата беше официјално објавена од страна на банката преку соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21 јануари 2020 година.
Како потсетување , во јануари 2019 година, УНИ банка издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна, 9% за првите пет години и се зголемува на 11% по завршување на овој период. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот пазар.
Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.