Средствата на исламските банкарски активности во Турција се очекува да се зголемат во наредните 10 години како резултат на владините иницијативи и новите регулативи кои поттикнуваат проширување на секторот, се вели во извештајот за инвеститорите на Moody”s Service Investors.

Со нешто повеќе од 5,8% од банкарските средства на крајот на септември, исламскиот финансиски сектор во Турција моментно е помал од ваквите сектори во другите поголеми муслимански земји, како што е Малезија, чии банкарски средства достигнаа 33% во периодот што се разгледува, објави Moody”s Service Investors.

Промената во регулативата и супервизијата, како и плановите за изедначување на даночниот третман за еднакви финансиски активности од страна на комерцијални и исламски финансиски институции, се очекува да придонесат за проширување на секторот. Планираниот Државен меѓународен финансиски центар во Истанбул (IIFC) вреден 2,36 милијарди евра, кој треба да се отвори во 2023 година, исто така ќе го зголеми растот, според агенцијата за кредитен рејтинг Moodys.

Разгледувајќи ги претходните случувања во секторот, Инвестициската служба на Мудис забележа дека Турција формираше три нови државни исламски банки од 2015 до 2019 година. Покрај тоа, берзата во Истанбул започна трговија со исламски обврзници, наречени сукук, во август 2018 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк