Покриеноста на трошоците за зелена нафта ќе биде зголемена на 50% и тоа во мај, веднаш по доаѓањето на новата влада што ќе ја предводиме, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната трибина во Струмица Агенда 20-24, посветена на земјоделството.
Николовски посочи дека со оваа мерка досега се опфатени околу 55.000 земјоделци кои имаат намалени трошоци за производство.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред присутните соопшти дека е одобрен нов гранд од Светка банка во висина од 46 милиони евра за модернизација за земјоделството, со кој ќе меѓудругото ќе се градат три модерни откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и во Струмица.
– Ги решававме наследените напластени проблеми и воведувавме нови мерки, во изминатите две и пол години, се посветивме на изнаоѓање системски мерки и решенија и заокруживме сет политики кои беа проблем пред 2 години, како неисплатени субвенции, нивна селективна исплата, производни трошоци, откупот и пласманот на земјоделски производи, и станавме светол пример во користењето на средствата од фондовите, заклучи Николовски.