За 15 дена е продолжен рокот на последниот ИПАРД повик за кофинансирање на инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи. На стопанствата им се на располагање 13 милиони евра. Средствата ќе се користат за изградба на нови или реконструкција на постоечките преработувачки капацитети. Последнијот рок за аплицирање е до 26-ти февруари.

На овој јавен повик на на земјоделските стопанства им се на располагање вкупно 13, 3 милиони евра од ИПАРД 2 програмата.

Можат да се јават сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо и нивни производи, вклучувајќи јајца и живина, потоа овошје, зеленчук, житарици и вино.

Заинтересираните ќе може да набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти и производствени капацитети.

Барателите ќе можат да аплицираат за поврат на 50 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција,а последниот рок за поднесување на барањата наместо  до 11-ти продолжен е за 15 дена, односно до 26-ти февруари.

Досега преку ИПАРД 2 од потпишани 1.480 договори во висина од 32,8 милиони евра, се исплатени вкупно 12,5 милиони евра финансиска поддршка за 824 реализирани инвестиции.