Поради коронавирусот, ОПЕК препорачува дополнително намалување на производството на нафта

2020-02-09 11:30

Заедничкиот технички комитет се состана во седиштето на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во Виена оваа недела за да разговара за влијанието на епидемијата на новиот коронавирус врз светскиот пазар на нафта.

ОПЕК плус брои 13 членови на организацијата и десет други нафтени сили, вклучително и Русија. Во 2016 година, тие земји се согласија да го ограничат производството на нафта за да ги поддржат цените на суровата нафта.

ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ИМА НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ, ОСОБЕНО ВО СЕКТОРИТЕ ТРАНСПОРТ, ТУРИЗАМ И ИНДУСТРИЈА, НАЈМНОГУ ВО КИНА, РЕЧЕ АЛЖИРСКИОТ МИНИСТЕР МУХАМЕД АРКАБ И ДОДАДЕ ДЕКА ЕПИДЕМИЈАТА ИМА НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ И ВРЗ ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА И НА ПАЗАРОТ НА НАФТА.