Европските политичари треба да решат дали да продолжат со неразумно печатење и трошење пари или да го признаат неуспехот на експериментот со еврото.

„Земјите како Унгарија и Полска бараат втора опција, а исто така и Чешка, затоа што тие без причина не одбиле да го прифатат еврото и воопшто немаат намера да го сторат тоа“, рече бугарскиот економист Георги Вулџев, пренесува Спутник.

Според експертот, овие земји се пример дека може да се постигне високо ниво на економски раст надвор од границите на еврозоната.

– Стандардот на живеење во земја како Полска е повисок од Бугарија, но растот на бруто националниот доход во 2018 година надмина пет проценти. Ние едвај правиме 3,5 проценти. Еврото нема да ја подобри оваа состојба, туку сосема спротивното. Еврозоната се претвора во црна дупка што ја проголта секоја надеж за економски просперитет, а нашите политичари нестрпливо и неразумно нè водат таму – и покрај сомнежите на нашите гласачи, рече експертот.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк