Цените на становите растат во многу од големите светски градови. За да го контролираат тоа, властите во многу метрополи го замрзнуваат растот на кириите, а тоа неодамна го направи и Берлин. Меѓутоа, искуството покажува дека тоа и не е најдобро решение, пишува Дојче Веле.

Градските власти во Берлин одлучиле да ја замрзнат киријата на пет години, а гледајќи дека кириите постојано растеле, законски е одредено и колку тие смеат да бидат високи.

Исклучок се социјалните станови и становите изградени по 2014 година. Градските власти со тоа влијаат на слободниот пазар на недвижнини, што не одговара за сите.

Но, ретко се случува економистите да се толку обединети околу некое прашање колку тоа за замрзнување и ограничување на висината на киријата. Голем број од нив смета дека оваа мерка долгорочно носи повеќе штета отколку корист.

Најсилниот аргумент на економистите гласи дека замрзнување на киријата краткорочно допринесува стабилизација на пазарот, но дека долгорочно гледано ги одбива тие што вложуваат на кои не им се исплати изградба на станови. Сопствениците на станови веќе не можат да си дозволат вложување во модернизацијата.

Маркус Кјелбак од инвестициската куќа „Патрициа“ за Дојче Веле вели дека замрзнувањето на момент може да ја одложи „болеста“ на растечка кирија, но дека не ја отстрануваат причината за недостаток на стамбен простор.