Секретаријатот за енергетска заедница (ЕЗ) ги повика надлежните институции во Западен Балкан внимателно да ја разгледаат политиката на субвенционирање на термоелектрани со јаглен.

Лани во јуни објавена е „студија за директни и скриени субвенции со кои го помагале секторот со јаглен на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Косово и Украина во периодот од 2015 до 2017 година”.

Европската енергетска заедница забранува субвенции што можат да ја загрозат конкуренцијата со тоа што се залага за производство на енергија од еден извор.

„Бидејќи државната помош може да ја наруши конкуренцијата и да влијае на прекуграничната трговија со енергија, контролата на помошта дадена од властите е клучна за воспоставување регионален пазар на енергија”, се вели во соопштението.

„Забранета е каква било државна помош што ја нарушува конкуренцијата или ѝ се заканува, која им удоволува на одредени активности или фаворизира одредени енергетски ресурси. Поради тоа што државната помош може да ја наруши конкуренцијата и влијае на прекуграничното тргување со енергенти, контролираната помош која ја одобруваат јавните институции е од клучно значење за воспоставување на регионален енергетски пазар,“ потенцира Секретаријатот.