На глобално ниво, работноспособното население ќе бележи пад за 10% до 2060 година.
Со рапидното стареење на светската популација преку пад на бројот на новороденчиња и зголемен животен век на човекот, намалувањето на работната сила ќе ја забави економијата и ќе предизвика поголеми трошоци во здравството.
Новите глобални промени ќе имаат големо влијание врз идните генерации, предупредуваат демографите. Според предвидувањата до 2050 година ќе живеат околу 10 билиони луѓе на планетата, а бројот на 100 годишните лица ќе се зголеми тројно.

На глобално ниво, работноспособната популација ќе се намали за 10% до 2060 година, а за дури 35% во следните држави: Грција, Јапонија, Кореја, Латвија, Литванија и Полска.

Исто така, проекцијата гласи дека за 20% ќе се намали популацијата способна за работа во Австралија, Мексико и Израел.

Прв на удар од таквите ефекти ќе биде пензискиот фонд, велат од Светскиот економски форум.