Sberbank по речиси 30 години ќе добие нова структура на управување која ќе го реши конфликтот на интереси и невообичаената положба во која Руската централна банка ем е нејзин контролор односно регулаторно тело кое ја надгледува нејзината работа и истовремено сопственик на мнозинскиот удел.
Русија секако, не се откажува од целосната државна контрола над една од најуспешните руски банки која во многу случаи ја следи и националната монетарна, фискална и економска политика. Затоа уделот кој досега го поседуваше Централната банка на Русија ќе го преземе Владата во Москва.
Тоа значи дека повторно Sberbank ќе има централизирано управување, но од друга страна нејзината работа без конфликт на интереси ќе може да биде под надзор од страна на Централната банка. Трансакцијата од една во друга државна руска институција е процента на 39 милијарди долари.