Анализирано од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачки кредити во јануари, годинава е забележан месечен пад од 0,2%, карактеристичен за првиот месец од годината, при годишен раст од 14,5%, соопшти Народната банка.
„Кај станбените кредити е забележан месечен и годишен раст од 0,9% и 13,2%, соодветно. Во јануари, автомобилските кредити се намалени на месечна и годишна основа за 2,3% и за 1,8%, соодветно.
Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,6% и 2,7%, на месечна и на годишна основа, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, овој месец, се повисоки на месечна и годишна основа за 12,8% и 1,5%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно и на годишно ниво за 0,8% и 10,9%, соодветно“, информираат од банката.