Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со реализирање на Инфо средбите за спроведување и користење на средства од ИПАРД програмата 2014 – 2020.

Телото за управување со ИПАРД фондовите при МЗШВ и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на ИПАРД 2014–2020 каде во фокусот е мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства”.

Во петок, 28 февруари, инфо караванот ќе биде во општина Чешиново-Облешево и општина Пробиштип.

Инфо средбата во Чешиново– Облешево ќе се одржи во општинската сала од 11 часот, и во општина Пробиштип средбата ќе се одржи во Домот на културата „Злетовски рудар“ од 15 часот.

Сите заинтересирани граѓани од овие две општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, за да аплицираат на јавните повиците со цел да го развијат и модернизираат нивното земјоделство и производство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите оние кои се заинтересирани за инвестирање по ИПАРД Програмата да присуствуваат на инфо средбите со цел подобрување на сопствените земјоделски стопанства.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.