Охридска банка АД Скопје во минатата година оствари добивка од 238,5 милиони денари (околу 3,8 милиони евра), што е намалување во однос на претходната година кога добивката на банката изнесувала 577,2 милиони денари, покажува билансот на успех на банката објавен преку Македонската берза.