Посветено работиме на подобрување на усовите за младите во државата. Со Гаранција за млади лани се вработија над 6.000 лица, изјави вицепрмиерката Мила Царовска во емисијата Директно.

Воведовме и младински додаток од 3.000 денари за млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство. Носиме мерки со кои ги стимулираме младите да работат во реалниот сектор.