Ширењето на епидемијата на коронавирусот ги разбранува пазарите во Азија и на други места и ги погоди ланците за снабдување ширум светот.

Мултинационалните и локалните компании се погодени од продолжено исклучување во Кина и фабриките кои не биле во можност да се вратат во целосна продукција.

„Епл“ минатата недела предупреди дека не очекува да ги исполни своите квартални предвидувања на приходите во услови на помало глобално снабдување со iPhone и помала кинеска побарувачка. Apple произведува повеќето iPhone модели и други производи во Кина, а епидемијата предизвика производството привремено да се запре и продавниците за малопродажба да се затворат во Кина.

Ова доведе до распродажба на акциите на Apple во Азија минатата недела, пренесува SEEbiz.

Среде турбуленцијата на пазарот, Кредит Свис издвои пет азиски акции кои паднаа под нивната највисока цена во изминатата година и го предвидува нивниот потенцијален раст. Инвестициската банка ги оцени сите пет акции како надградба на нивните тековни вреднувања.

1. Hon Hai Precision Industry со седиште во Тајван, попознат како Фокскон и најголем производител на Apple

Годишен пад под најголемата цена: -12,13%
Потенцијал за раст: 22%

2. Sunni Optical, снабдувач на Apple

Годишен пад: -12,21%
Потенцијал за раст: 21%

3. Снабдувач на чипови Mediatek во Тајван

Годишен пад: -15,06%
Потенцијал за раст: 20%

4. ASE Technology, врвна компанија за тестирање и пакување на чипови

Годишен пад: -12,07%
Потенцијал за раст: 12%

5. Тајвански производител на електроника Делта електроника

Годишен пад: -6,88%
Потенцијал за раст: 13%.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк