Неповратни 20.000 евра се нудат за млади земјоделци до 40 години. До 3 март годинава земјоделците до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.
Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.
Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.