Дали Охрид ќе остане светско заштитено природно и културно наследство  останува на комисијата на Унеско да одлучи. Централната власт е задоволна од сработеното но дел од екологистите и граѓаните сметаат дека фалбите за исполнетите задачи се нереални. Според нив ситуацијата на терен е непроменета ,дивоградбите и урбаното развивање на брегот на езерото  остануваат едни   од најгорливите проблеми и закани за градот.

Добрите познавачи пак сметаат дека има напредок, согласно планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, се спроведуваат  препораките на УНЕСКО.

Во владиниот извештај кој е испратен до УНЕСКО со цел да ја убеди светската организација дека не треба да го впише Охрид во листата на светско наследство во опасност е наведено дека поголем дел од препораките се усвоени, додека по останатите се уште се постапува. Конечната одлука ќе се знае на 44-та сесија која ќе се одржи во јуни во Кина.