Банката на федерални резерви на САД воведе минимален карантин од седум до 10 дена за доларите кои доаѓаат од Азија како превентивна мерка.

Според портпаролот на американската централна банка, оваа мерка е воведена без оглед на тоа што коронавирусот воглавно се пренесува преку контакт меѓу луѓето.

ФЕД одржава контингент банкноти како залиха кои треба да ја задоволат побарувачката и рутински ги процесиуриа како дел од услугите на банката. Моментно во оптег има 1,75 милијарди долари.

Централната банка е подготвена да го модификува својот пристап како ако Центарот за контрола на болести и Стејт департментот идентификуваат дополнителни ризични земји.