Работниците од прилeпски „Еурокомпозит“ повторно на протест. Денеска со речиси едночасовна блокада на патот Прилеп- Плетвар. Бараат да почне да се имплементира Законот за исплата на придонесите од 2.800.000 евра и решавање на агонијата во фабриката која четири месеци не функционира. Најавувата радикализација на протестите.

Работниците прогласени технолошки вишок и вработените во прилепски „Еурокомпозит“ бараат да почне имплементацијата на Законот донесен во октомври лани, за исплата на заостанатите придонеси. Тие се револтирани зашто претставникот на државниот капитал ги известил дека Антикорупциска забранува до изборите.

Во фабриката четири месеци нема струја, не се работи, 60 вработени не земаат плата. Нема стражарска служба, дел необучени работници ја чуваат фирмата не сакајќи да пропадне.

Неплатените придонеси за седум години се 2.800.000 евра, нема исплатено заостанати плати, туку само дел отпремнини за 154 работници – технолошки вишок.