Европскиот зелен договор има ризик да ги продлабочи економските и социјалните поделби помеѓу источните и западните земји на Европската унија, велат синдикатите, предупредувајќи ги земјите членки за ризиците коишто можат да настанат пред постигнувањето на целта на неутралност до 2050 година.

Синдикатите предупредуваат дека Зелениот договор предложен од страна на Европската комисија минатиот декември ќе стави во ризик милиони на работни места, поради тоа што нема никаква сигурност за тоа дека работниците во засегантите индустрии ќе имаат некаква иднина.

„Зборуваме за речиси 11 милиони работни места во енергетските и автомобилските индустрии кои ќе бидат погодени од договорот“, рече Лук Триангл, генерален секретар на ИндустриАл, Федерација на синдикати.

„Овие работни места нема тукутака да исчезнат, но мора да постои перспектива за работниците од овие индустрии“, рекол Триангл во интервју за ЕУРОАКТИВ.