„Италија може да им овозможи на граѓаните да не ги плаќаат давачките за хипотеките и некои други даночни обврски за да се справат со економскиот шок како резултат на новиот коронавирус“, рече заменик министерот за економија, цитиран од агенциите.

„Мерките за поддршка на семејствата ќе бидат вклучени во владина уредба што ќе се објави утре по состанокот на владата. Тие ќе се применуваат низ цела Италија“, се вели во изјавата на Лора Кастели.

„Мерките може да вклучуваат „привремен прекина на плаќањата“ за да им се помогне на семејствата за време на економскиот пад“, рече таа.

„Загрижени сме заради целата ситуација и заради таа причина инсистиравме банкарскиот систем да ги стопира хипотекарните плаќања од страна на граѓаните“, рече таа.

Италија во вторникот воведе ограничувања за патувања и забрана за јавни собири за да помогне во борбата против ширењето на оваа болест, од кои 463 луѓе починаа за само две недели.