Почитувани клиенти, Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со појавата на Ковид-19 (корона вирус), Комерцијална банка АД Скопје воведе мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката.

Ве советуваме да го намалите интензитетот на посети на експозитурите, филијалите и на централата на Банката. За сите Ваши потреби може да ги контактирате вработените на Банката на телефоните кои се објавени на веб-страницата www.kb.com.mk.

Сите услуги и производи на Банката се целосно достапни за клиентите. Апелираме Вашите финансиски потреби што е можно повеќе да ги вршите преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка, а 24 часа во денот на располагање Ви стојат и каналите за електронско банкарство: Интернет банка, мБанка, мБанкаКо, KomPay и веб-страницата www.kb.com.mk. Достапни Ви се и профилите на Банката на социјалните мрежи, како и контакт-центарот на (02) 3296 800.

Комерцијална банка и натаму ќе одржува највисоко ниво на хигиена и на дезинфекција во своите простории и на банкоматите, но сепак апелираме клиентите да бидат внимателни и да негуваат највисоко ниво на лична хигиена. Препорачуваме да ги користите средствата за дезинфекција, поставени на шалтерите и во деловните простории на Банката, со цел да се одржува максимална хигиена на рацете.

Работното време на експозитурите и на филијалите е објавено на веб-страницата на Банката и може да го погледнете на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx…
Информациите постојано ќе се ажурираат и доколку има промени во работното време на некои експозитури и филијали, Банката навремено ќе ја извести јавноста.

Следете ги веб-сајтот и Facebook страницата на Комерцијална банка за редовно информирање. Ви благодариме на разбирањето и Вашата внимателност.