Почитувајќи ги препораките и издадените забрани, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Телото за управување со ИПАРД фондовите известуваат дека кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2016 – 2020 нема да продолжи со инфо караванот во наредните 14 дена.

Последните одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во врска со корона вирусот, се однесуваат и на забрана на сите собири на отворено и затворено.