Берзите низ целиот свет забележат денеска огромни загуби што не се забележани од големиот пад во 1987 година и т.н. Црн понеделник.

Поради влошување на вестите за коронавирусот, а особено по  ограничувањата за патувања од голем дел од Европа кон Соединетите држави, по наредба од американскиот претседател Доналд Трамп, клучните индекси на големите пазари на капитал доживеаа целосен колапс.

На Вол Стрит, Доу Џонс потона повеќе од 2.000 поени, или дури 10 проценти, и покрај потезите на њујоршката филијала на Федералните резерви на САД да внесе дополнителни пари на пазарот на обврзници во САД, во обид да го стабилизира несигурниот пазар.

Индексот Standard & Poor’s 500 падна за повеќе од 9,5 проценти и понатаму тоне во „мечкина“ територија, термин што се користи кога се бележи пад од најмалку 20 проценти под рекордно ниското ниво.

Претходно, клучниот индекс на лондонскиот ФТСЕ-100 падна за повеќе од 10 проценти, што е најголем по дното во 1987 година. Според ББС, повеќе од 160 милијарди фунти биле „збришани“ за само еден ден.

„Ова сигурно можеме да го наречеме пад на берзата, но прашањето е дали ова ќе предизвика рецесија“, изјави аналитичарот Суприја Менон за Би-Би-Си.

Европската централна банка соопшти дека засега нема намера да ја намали клучната каматна стапка.

Меѓу најголемите губитници се транспортните компании, на кои најдиректно ќе влијае одлуката на Трамп да ги прекине патувањата од Европа кон САД. Цените на нафтата денеска паднаа за 7 проценти на 33 долари за барел.

Самиот Трамп е убеден дека загубите на берзата се само привремени.

– Да, ова е голем удар, но сè ќе се врати назад, во одличен стил и во вистинско време, рече денеска американскиот претседател.