Согласно актуелната ситуација и потреба за спроведување на мерки за претпазливост на појава и ширење на коронавирусот (КОВИД-19), Подгоричка банка презема чекори со цел поддршка на своите клиенти.
Со овие мерки банката на своите клиенти им ја олеснува употребата на електронските канали за плаќање со цел што повеќе трансакции да се одвиваат од својот дом, без потреба клиентите да ги посетуваат експозитурите.
Банката провремено, од 16 март до 15 април 2020 година, ќе ги укине провизиите за трансакции од физички лица преку електронско и мобилно банкарство, како и провизијата за подигнување готовина со дебитна картичка од банкоматите на другите банки.
Дали некоја банка во нашата земја ќе го следи овој потег, останува да видиме во периодот што следи.