Или ќе ги спасиме луѓето, или ќе ја спасиме економијата! Не можеме и двете!
Ќе ми прости мојата читачка публика однапред за вокабуларот и стилот кој ќе го прочитате подолу, но за вакви „говнари“ мора „с’с говнену мотку“ !
Имено, пред неколку денови дојдоа одредниците од Владата, Министерството за здравство и Светската Здравствена Организација ( СЗО ) како да функционираме во наредниот период до конечно сузбивање на вирусната закана и враќањето на работите во нормала. И според мене, многу логични, добри и решителни чекори препорачаа, со најдобра намера за што поскоро враќање во нормала и зачувување на јавното здравје. Нели people first!
Доволно што стравот е голем, луѓето се во неизвесност и исчекување, ситуацијата е напната и тензична, цели држави се редат во карантин, кај нас веќе имаме 2 општини комплетно во карантин и неколку села во струшкиот регион во „полукарантин“ и контрола на движење, и кога мислевме дека ситуацијата не може да биде полоша, се јавија нашите архивладетели и крвопијци во сенка кои со децении и преку разни механизми го наметнаа постфеудализмот во најлоша форма.
Прво се јавија локалните крвопијци кои олицетворени преку Стопанска комора или не знам какво здружение порачаа дека биле многу загрижени, ќе им трпеле бизнисите, ќе имале загуби нивните компании, па тие кутрите не знаеле како ќе се справат, па побараа од државата помош. Поточно од буџетот… Да, од буџетот кој го полниме јас и ти, ти кој го читаш ова… Јас и ти, треба да му го спасиме бизнисот ако му трпел на некој локален Итар Пејо кој низ матната транзиција се стекнал со општествени ресурси и во отсуство на закони и регулација, поробил таму еден куп шивачки и останати фабрички робови и сега, ако робот од вирусот го заштитува државата, овој глембаев скројевиќ бил „изненаѓен и увреѓен“ и бара сите ние на му ги надоместиме потенцијалните штети преку буџетот. Не можеш да измислиш ваква сторија.. мораш да ја слушнеш… Видите бе пријатели, јаки бизнисмени со трето вечерно… пошо луѓево кои ви работат ги држевте со децении во услови на либерален капитализам од пред 200 години од Англија, ќе мора на таков капитализам и да се навикнете… Ако генерирате загуби бидејќи робовите од вирусот ги штити закон, ќе мора да ги претрпите тие загуби. Ако тие загуби се толку големи и Вие пропаднете… пропаднете… кој ве јебе… таква либерално-капиталистичка игра вие наметнавте.. не робовите… Но нема да Ви ги покриваме Вашите загуби сите ние, за Вие дополнително да се богатите на наш грб… Ќе Ви повторам ако не бев јасен првиот пат: Ко ве јебе….
Втори се јавија увозниве деспоти олицетворени во една богомолка под име Патрик Мартенс… Што ми остави впечаток кај оваа богомолка со облик на човечката рибка од Постоинските јами во Словенија, беа неговите заби… Големи, коњести, искривени… жедни за крв… така бар ми се причини… Е сега, кога нашава караконџула почна да преведува што сака да ни објасни овој легализиран окупатор, работиве во нервниве констелации излегоа од контрола… барем кај мене…Овој преставник на германските бизниси во протекторатов, многу бил незадоволен сефте робовиве да му одмараат, побара да се укине оваа мерка и за времето кога робовите не се на производна линија, некој да сноси одговорност… Осетив некоја нервоза во него и изненаденост, како можеме ние, закрепостени селани предодредени за робство да се осудиме да се заштитиме од вирусов? Не му е јасно… бара репарации… Само не е тој крив.. ние сме закрепостени селани стварно… Затоа што немаме некој да му ја затни муцката и да го избрка на клоци од протекторатов.. Заедно со сите работни логори кои ги отворија за да му робуваат за пар стотини евра… Ќутлив е нашиот народ, водачите неписмени овци, па сите околу се жедни за крв.. И овој најверојатно бара ние од буџетов да му платиме за загубиве… Кај им ги изградивме фабриките, им ја подаривме земјата, ги ослободивме од даноци и придонеси, сега треба да им компензираме загуби… Епа паси македонче…
Апелирам до нашата Влада и ресорите, да не подлегнуваат на овие притисоци и да нема никакви буџетски компензации за нивните потенцијални загуби… Заболе нас дупе за нивните загуби… Ако државата им ги покрива загубите – тоа ја прави соучесник во криминална и неправична дистрибуција на доходот, со тоа го губи легитимитетот да наплатува даноци од сите. Овие бизниси не се too big to fail од амерканската доктрина од пред една деценија… Ова се неинвентивни, робски, пацерски бизниси кои можат да бидат заменети во секој момент од нивен конкурент… Ако пропадне една шивачница, ќе се отвори друга… Ако пропадне некоја треторазредна фабрика за топење пластика, ќе ја замени друга… нема ние што да спасуваме во услови на ваков либерален капитализам…
Но, нема да бидам до крај искрен ако кажам дека не сметам дека некој треба да ги покрие овие загуби. Сепак имам долга и длабока километража во овие сфери, па сметам дека и бизнисот треба да биде заштитен во услови на вакви несистемски потреси и закани. Бизнисот треба да опстане, не по секоја цена но треба да опстане. Јас сметам дека овие загуби треба да ги покријат фирмите кои покриваат загуби, а тоа се осигурителните компании. Ионака не покриваат ништо, или со долги докажувања пориваат минорни износи, репатрираат огромни профити и неправедно високо ги плаќаат нивните теренски кучки за правење ништо, за несоздавање на никаква вредност, моја препорака е да се подели болката. Државата треба да им наметне обврска за солидарно да влезат во фонд кој треба да ги покрива загубите… Нели тие покриваат загуби и штети? Декрет за да ги покријат штетите од коронавирусот… Солидарно, според пазарното учество… И волкот сит и овците на број… Овчарот да го изеде на волкот… Државен декрет за овие паразитски бизниси со кои ќе се покријат реалните бизниси… Тоа е тоа.. Но никако солидарно сите преку буџетот да ги покриваме… Преку буџетот да се набавува за здравството и генералното справување со кризата. Бизнисот нека го спасува оној дел од бизнисот кој го осигурува и тоа му е примарна функција…
И ќе завршам како што почнав: Или ќе ги спасиме луѓето или економијата… Не може двете!
Наум Димитровски