Продажбата на автомобили во Кина опадна за 79 проценти во февруари, што претставува најголем месечен пад во историјата, како резултат на побарувачката, намалена од влијанието на епидемијата на коронавирус.

Продажбата на најголемиот светски пазар на автомобили падна на 310.000 возила во однос на истиот месец минатата година, што претставува 20-ти последователен месец на опаѓање, соопшти Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM).

„Продажбата на кинески автомобили во февруари се врати на нивоа што не се видени од 2005 година“, рече висок функционер на здружението „Чен Шихуа“.

Продажбата на нови електрични возила, се намали за осми месец по ред.

Претставник на CAAM минатиот месец изјави дека продажбата најверојатно ќе падне повеќе од 10 проценти во првата половина од оваа година. Ако епидемијата ефикасно се задуши во Кина пред април, падот би можел да биде околу пет проценти за целата година, додаде тој.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк