Регулаторна комисија донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек од речиси 14,54 проценти.

Причина е драстичниот пад на цените на нафтата на светските берзи, поради пандемијата на коронавирусот.од вечерва по полноќ, малопродажните цени на бензините ќе се намалат за 7,50 денари по литар, односно ќе изнесува 54,50 денари за литар еуросупер бс-95, односно 56,50 денари за литар еуросупер бс-98. Цената на еуродизел ќе опадне за 6,00 денари на 48,50 денари по литар.

Ова претставува рекорден пад на цените во Македонија.