Бидејќи ситуацијата рапидно се менува, очигледно е дека е многу тешко да се даде конечен заклучок за краткорочните и долгорочните економски влијанија од моментите настани со коронавирусот, велат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од таму велат дека веќе јасно е оти ќе има непосредно влијание врз економското работење во регионите каде што ЕБОР има свои активности, но за разлика од финансиската криза во 2008 година, според процени на Банката, можно е брзо враќaње во нормала кога ќе помине кризата.

ЕБОР минатата недела оддели една милијарда евра итна помош во форма на солидарен пакет за мерките што ќе им помогнат на компаниите во регионите каде што Банката има активности за да се справат со последиците од пандемијата на коронавирусот.

„Ова е иницијален одговор на кризата и Банката е подготвена да направи повеќе доколку и кога ќе биде потребно“, соопштија од ЕБОР.