Комерцијална банка АД Скопје, ги информира своите клиенти дека во периодот од 16.03. до 15.04.2020 сите денарски налози за физички лица пуштени кон резиденти преку Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка АД Скопје ќе бидат бесплатни.
Мерката е донесена со цел максимално да се избегнуваат посети на експозитурите, согласно насоките од Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 (корона вирусот).
Бесплатните веб и мобилни апликации Интернет банка и мБанка се достапни 24 часа на ден преку вашиот компјутер или мобилен телефон, од кое било место каде имате пристап до Интернет. Преку нив можете самостојно да ги плаќате сите режиски трошоци, да ги реализирате сите банкарски трансакции во денарскиот платен промет, да уплаќате рати за кредит и картичка, како и да имате постојан увид во сите сметки и трансакции.
Апелираме, заради настанатите состојби, да ги користите овие бесплатни апликации на Комерцијална банка за да се заштитите себеси, со што ќе го заштитите и здравјето на другите. Сите потребни информации за Интернет банка и мБанка се достапни на веб- страницата www.kb.com.mk, профилите на Банката на социјалните мрежи и на контакт-центарот (02) 3296 800.