Нема простор за паника. Храна има доволно. Магацините на маркетите се полни. Граѓаните да не трупаат залихи. Ова е пораката на дистрибутерите и претставниците на големите супермаркети по средбата со министерот за економија Бектеши. Владата вчера донесе одлука – цените на основните прехранбени производи да се замрзнат – односно да се вратат на ниво пред кризата.
Сите пазарни инспектори се на терен – работат и дење и ноќе. Ќе ги санкционираат оние кои не ги почитуваат правилата, но бараат и свеста кај граѓаните да се зголеми.
Тонско Сфатете дека сме пазарна економија и дека само оние цени што ги формира државата се ограничени. Затоа, Владата излезе со дополнителни ограничувања на одредни цени. Сепак, оставаме простор да не изгубат и трговците. Гледаме каква е увозната цена и нормално, затоа ги враќаат цените на одредени проозводи со состојбата на 9 март, откако почна кризната ситуација, истакна Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат,.
Пазарниот инспекторат ќе почне контроли и по аптеките, за да се казнуваат субјектите кои драстично ги зголемија цените на средствата за дезинфекција , маските и ракавиците
Покрај замзнување на цените на основите продукти,. Владата забрани и извоз на брашно и пченица кон сите земји, а министерот Бектеши работи и на предлог за 100% ослободување од царина за пченично брашно, сончогледово масло, шеќер, сапуни, детергенти, пелени, марамчиња, маски, заштитни хартиени и гумени одела и ракавици.