Премиерот на Србија Александар Вучиќ, пред три дена најави дека ќе забрани извоз на пченица, масло за јадње и шеќер, во времетраење од најмалку 30 дена. Македонија пак, дел од своите потреби за овие производи ги задоволува токму со увоз од Србија.

 

Според податоците од Стопанската комора, во периодот од 2007 година до 2018 година, Македонија просечно годишно увезувала по 110.130 тони пченица и брашно, што е 32 отсто од нејзините потреби. Потребите на Македонија се по 25.000 тони месечно од овие производи. Увозот е главно од Србија, но се увезува и од Бугарија и од други земји. Во Македонија многу малку се одгледува сонлчоглед, а го откупува велешката фабрика „Благој Ѓорев“. Оваа фабрика има капацитет за преработка на 40.000 тони сончоглед, но лани, и покрај договорното производство, откупи околу 6.000 тони.
Маслото „Брилијант“ се добива со рафинирање на увезен полупроизвод, а дел од колилчините со масло за јадење во држава се задоволуваат со увоз на готов производ од Србија. Како показател за нашата зависност од различни видови малсла за јадење е и податокот што вкупниот увоз, од различни земји, на животински и растителни масла, масти и восоци, минатата година бил 44.782.000 евра. Битолската шеќерана од 2015 година е заглавена во стечајна постапка, а Македонија годишно троши по околу 30 милиони евра за бел шеќер.