Бизнисите во Италија би можеле да се намалат за 17,8 проценти во однос на претходната година доколку епидемијата на вирусот корона продолжи до крајот на годината.
Во тој случај, 750.000 компании од 200 различни сектори се очекува да загубат 650 милијарди евра оваа и следната година, предупредуваат експертите.
Завршувањето на епидемијата до мај може да доведе до пад на приходите од 7,4 проценти во однос на претходната година.
Аналитичарите сметаат дека епидемијата на вирусот корона е една од најтешките кризи за италијанската економија уште од Втората светска војна. Најмногу погодени сектори се туризмот и автомобилската индустрија, пренесува Танјуг.
Италијанската економија се очекува да закрепне во 2021 година.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк