Повеќе од 20.000 потписи досега доби онлајн петицијата за воведување на ефтина струја во периодот додека трае вонредната состојба, поради коронавирусот.

Иницијаторите на оваа петиција бараат итно воведување ефтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја.